Водич за почетници
Последно освежување на податоците: Ное 9 2008, 11:28:20


ГПРО Водичот за почетници


Сега и официјално започнавте и влеговте во играта, а сега сигурно се прашувате што сега?

Се надеваме дека овој краток информатор добро ке ве насочи и ке ви даде добар поглед на главните работи на кои треба да обрните внимание, што треба да ги направите пред да започнте било што друго. Овај информатор е чисто за Руки рангот и за новите корисници. Но секако сакаме да ви кажиме дека дури да стигните до Аматер рангот, ке научите доста корисни работи, што повекето нема да се исти како Руки, но сепак ке имате барем доволно искуство да знаете што е што во играта.

Ви препорачуваме да прочитате се , доста внимателно се разбира, пред да почните со Квалификации или првата трка.

Првите работи се разбира одат први, како Руки има две работи што се најважни, добар возач и штедење на пари .Ние ке се погрижиме да стигните до она што се вика добар возач, но секако најпрво и најбитни се парите во играта.


Пари


Почетниот чекор е да се оди директно во "Надградба на автомобили" или "Објекти" и да потрошат сите пари на правење на вашиот автомобил веднаш пребрз. Ова е големо не-не. Руки лигата особено е наменета како вовед во играта и да учат луѓето како тие ќе треба да управуваат со нивните финансии, ако тие сакаат да напредуваат и да бидат успешни во оваа игра.

Ако пребрзо паднат во долгови, тогаш не ќе бидат во можност да го потпишат еден пристоен возач, не ке можат да заменат било кој од вашите делови за болидот (што мора да се сменат), плус нема да бидат промовирани, ако сте во долгови - дури и ако победуваат во вашиот ранг и победат со 50 поени разлика.

Затоа се препорачува што помалку да се трошат пари, освен ако не се принудени за тоа. Економијата и балансот во тоа е знак на вистински шампион.

Само понекогаш замена / надградба на делови за болидот, кога тие се толку истрошени што нема да траат следната трка. На овој начин ќе се добива најмногу во економската страна и значи не фрлање пари. Ако сте во трка за промоција, а тоа значи дека ке мора секој денар да го заштедите зошто во наредниот и повисок ранг ке ви требаат доста пари за да може да опстанете во тој ранг и евентуално да се изборите за борба и пласман во уште повисок ранг.

Објектите, обуката на кадар и тестирање треба веројатно да се игнорираат, додека сте во Руки ранг. Повторно, Руки е повеќе за добивање на искуство во вашите финансии и не можете да си дозволи да се трошат милиони на капацитети и обука - додека тестирањето ќе додадете плус трошоци на вашиот болид, што значи истрошени делови што мораат да се сменат порано.

Конечно, на крајот на секоја сезона во Руки рангот се прави целосно ресетирање. Секој кој не заработува промоција и ги има сите надградби, објекти, сè бришат и секој почнува со чисто конто со $ 30мил со кој ке поминат цела сезона. Ова може да стигне до $ 35мил ако ги заврши сите 17 трки од претходната сезона. Ова може да биде многу корисно ако знае менаџерот дека нема да се промовира за наредната сезона и сака да потпише нов возач со кој ке може поефикасно да помине во наредната сезона а со тоа и ке има повисок буџет и пари за да може да даде повисока понуда за возачот, а ке го отпише и отпушти веке постоечкиот возач и со тоа нема да има никакви санкции бидејки си почетокот на наредната сезона и неговиот финансиски лимит се ресетира. Повеќе за ова во следниот дел.


Возач


Во Руки ранг на натпреварување ,твојот возач ти е приоритет број еден. Тој може многу лесно да биде број еден фактор и самостојно да ја менува среќата , односно да ја завршува трката на 1-во, наместо на 20то место. Има случаи кога дури може да бидат луѓе кои ќе доминираат во целата сезона и да заработат промоција во првата сезона, едноставно поради нивното сензационално возачко искуство, без некои посебни надградби на болидот. Секако, ова е одлично, но крајно опасно - ако чекате да ви падни добар возач . без нималку да се потрудите околу тоа сами да го пронајдете. Пример, ако конкуренцијата во Аматер се со автомобил 3 + нивоа пониски , односно повисоки од вашиот . Со сите средства потрудете се да пронајдите и потпишите фантастичен возач - но ве молам нека тој самиот не работи на промоцијата, него потрудете се вие да го сторите тоа. Сепак морате да го надградувате вашиот болид на цела сезона (а не само кога деловите се истрошени ) , а и најбитен дел е да заштедите пари секогаш кога можете.

Вие нема да најдете возач кој има добар рејтинг за сите свои вештини, додека сте во Руки ранг, но возач со една или две добри вештини ќе бидат доволни и да ви обезбедат промоција. Дознајте кои вештини ке бидат тоа , а тоа нека е дел од забавата во текот на играта.

Но, колку ќе плаќате за возачот? Па најмалку, колку што е тоа можно се разбира. Исто така за добрите возачи , секако ке има голема конкуренција за нивни потпис, Па така да ке мора да понудите малку повеке , ако сакате да добите талентиран и спремен возач . Но генерално, не е препорачливо да потпишите возач, што ке зема плата над $ 3 милиони (тоа е секако по трка ) , зошто со преголеми трошоци, а слаби резултати, ке стигаат малку финансии, па да не дојдите при крајот до ситуација, да немате доволно финансии за поправка на болидот или било каква друга надградба .

Како што е споменато во делот на пари погоре, на крајот на секоја сезона Руки рангот целосно се ресетира . Ова го вклучува и вашиот возач , ако има стекнато просек ОА над дозволените 85 , што е граница за Руки рангот. Ова значи дека голем број од менаџерите ке се без возачи , пред почетокот на наредната сезона , што значи дека ке биде луда трка на пазарот на возачите со кои може да се обезбеди промоција , односно најспособните возачи баш во тој момент ке примаат и повеке од 40 понуди. Не е добра идеја да се учествува во такви аукции на возачи , зошто се креваат максимални платите и давачките за тие возачи, односно немојте безглаво да трчате по најдобрите , со што ке рескирате да банкротирате.

Затоа мора да се направи добра анализа на пазарот на возачи и потпишувањето и понудата да биде тек во оној момент кога ке сте сигурни да имате одличен возач , односно доволно талентиран за да ви обезбеди промоција, а од друга страна со таков возач што ке успеете да заштедите нешто пари на сметката , што е крајно пожелно да го имате , за нареднат сезона ако успеете да стигните до промоција .

Предност е да почекате да се смири пазарот , тогаш ке имате прилика да најдите подобар возач , секако за пониска цена . Но и да направите грешка, со потпишување на скап возач, на крајот на сезоната како што кажавме се се ресетира, па пак на почетокот на наредната сезона , ке започнете со $ 30 милиони , но само ке изгубите една сезона за евентуална промоција .

Една работа што треба да се има на ум дека ако потпишите одличен возач - ќе го изгубите ако се ресетира сезоната, не се промовирани, а ОА е над дозволената граница 85. Постојат неколку начини да го спуштите просекот на ОА надолу, но тоа ќе треба да се потрудите самите да го пронајдите во текот на играта .


База податоци


Во насока на тоа да напредувате во ГПРО, секако ке ви е потребно да собирате и бележите податоци што повеке е возможно. Битните информации што ке ви се потребни се секако после крајот на секоја трка, кога во Анализата на трката се бележи комплетно се за трката (колку гориво е потрошено и како се трошат гумите и информација за истите). Исто така се бележи потрошувачката на деловите на болидот, статистика за вашиот возач ( од екранот за Тренинг за возачот) , а се бележат и температурите во текот на трката кои секако влијаат на тоа како и колку се трошат пневматиците. Трошењето на деловите е значаен податок, зошто е битно да знаете кога ке е потребно да се заменат потрошените делови со нови или да се санираат. Додека со потрошувачката на гориво и податоците на гумите, ке ви дадат битни информации како да ја испланирате стратегијата за следниот пат кога ке ја возите таа патека, односно наредните трки.


Подесување на болидот (Сетирање на болидот) и квалификации за трка


Пред да преминете на квалификациите за трката , треба да се зборува за добивање на вашиот болид на вистинските и финални подесувања (сетап) . Во помош на подесувањето на вашиот болид за трката ќе добие 8 тренинг кругови за да го најдете вашиот 'совршен' сетап на болидот . Ова не е толку лесно како што звучи , па така да вашиот возач всушност може да биде среќен и со подесување на болидот, дури и ако тоа не е "совршено ".

Има 6 делови на болидот кои може да се подесуваат, предни и задни крила, мотор, кочници, брзини (менувач) и суспензија и секоја може да има вредност од 0 до 999. На тренингот / квалификациите , има малку помош и постојат мали икони - помош што ќе ви кажат совет , како оди тренингот и како можете токму она што ви е потребно да го направите за вашиот болид, под повисоки и пониски вредности од оние што сте ги задале.

Откако ќе го идентификува вашиот 'совршен' сетап , вие ќе можете да премините на вашите 2 квалификациски кругови . Пред да го направите ова ќе треба да се одлучи на кои гуми ќе биде возена трката . Со цел да го направите ова ќе треба да се разгледаат внимателно карактеристиките на патеката и временските услови. Не грижете се ако не сте сигурни што гуми да ги одберете на почетокот. Вие на почеток треба да почнете со повеќе конзервативна стратегија и после неколку трки ќе имате прилично добра проценка при изборот на пневматици на болидот. Вашиот избор на гуми, исто така, ќе влијае на количеството на гориво, кое ке биде наполнет болидот на стартот .

Без разлика дали сте одбрале и направиле добар сетап , ќе треба да бидете сигурни дека имате направено избор на пневматици , а потоа ке пристапите до 1от квалификациски круг ,а потоа ке добиете и нова опција за вашиот возач , ризици на возење . Што поголем ризик , толку побрз квалификациски круг, но, исто така, поголема шанса на вашиот возач да направи грешка.

Ако го направивте вашиот Q1 круг можете да видите како стоите во однос на останатите од вашата група . Ова може да значи дека ако сакате да ја измените својата стратегија , може да направите измени во тактиката со горивото . Ако сте многу побрзи отколку вашата група , можеби ќе сакате да додадете малку повеќе гориво на почетокот, така што ќе одите подалеку во трката и спротивно на ова, ако сте малку побавни.

Во секој случај, ќе дојде да го направите вашиот Q2 круг. Овој пат ќе треба да ја внесете вашата почетна вредност на стартот за почетно ниво на гориво. Ова не може да се менува откако ќе го направите вашиот круг. Повторно ќе ги добиете истите инструкции за ризикот на вашиот возач.

По твојот Q2 круг , сега можете да видите каде сте на привремената табела за трката . Уште поважно, тоа е време да го направите вашиот сетап за трката - подесувањата и стратегијата во трката .

Пред да стигниме до тоа, еден совет за трка со дожд.


И повторно се враќа дождот


И пак дожд.,може да е во Кв.1,Кв2 или во текот на трката кога се одеднаш стана водено. И сега што? Па за почеток мора да почнете со ставање на гуми за влажно време и за дожд. Другите важни работи после тоа се дека сетапот со кој сте планирале да возите е сосем поразличен од тој за суво време. Ке мора да размислите добро и да направите добри споредби со тестирањата на суво и тестирањата на влажно време.

Ова е многу важно кога Кв1 и Кв2 се возат на суво&влажно време (или обратно). Мора да запомните кога има дожд дека МОРА да возите со гуми за влажно време (или ке изгубите премногу драгоцено време за време на кругот). Оваа грешка ја прават дури и најискусните, бидејки гумите за Влажно време не се по дефолт избор дури и кога се вози на влажно време.

Исто така има уште проблем кога евентуално ке врне за време на Кв2. Дожд за време на Кв2 значи дека ке врне и на стартот на трката. Исто така многу е важно да проверите какво ке биде времето во текот и остатокот на трката, така да според тоа ке заклучите со какви пневматици да тргнете на стартот на трката. Ако се навестува дека може многу малку да има дожд на стартот на трката и во тој период, тогаш многу веројатно е дека дождот ке престане за неколку кругови. На вас е одлуката дали ке тргните со гуми за влажно време или со гуми за суво време, односно ако тргните со гуми за влажно мора да мислите дека после неколку кругови многу е веројатно дека ке морате во пит и да менувате на гуми за суво време или ке тргните со гуми за суво време, па тешко ке ви оди неколку кругови дури трае дождот но после тоа не ке морате пак да менувате гуми за суво и да влегувате во пит и да додадете плус губиток на време со екстра пит.


Сетуп за трка и стратегија


Значи сте го направиле вашите два квалификациски круга и сега треба да го одредите вашето подесување за трката и да ја одредите најдобрата стратегија.

Постојат неколку детали тука, па ние ќе ке ги разгледаме нив еден по еден.

Прво, подесување на болидот. Ова најверојатно ќе биде подесување кое се користи во квалификациите (или една од нив, ако започна или престана да врне). Исто така, ако квалификациите биле на дожд, а трката е сува или обратно , ќе треба да се измени вашето подесување.

Вашата стратегија за гориво е следна, во ГПРО никогаш нема да ти снема гориво. Болидот ке влезе во боксот, штом немате доволно гориво за да се заврши уште еден круг или евентуално ако гумите нема да издржат уште еден круг. Тоа значи дека наместо бројот на кругови по кои сакате да влезе во боксот, можете да внесете количеството на гориво што сакате да се стави во резервоарот и се тоа ќе се утврди колку круга што можете да направите во трката . Количеството на гориво е вкупното гориво за вашиот резервор да се наполни, а не да се надополнува со плус над таа вредност.

Едноставен пример - ќе влезе во боксот, со остаток од 15 литри гориво во резервоарот, а вашата стратегија вика 60 литри. Ова значи дека 45 литри ќе биде дополнето во вашиот резервоар за стигне до 60 литри ( како што вика вашата стратегија).

Стратегијата за гуми е следната. Имате две опции, вашите гуми за суво или за влажно време. Како што е споменато во претходниот дел, трката може да започне во дожд , но тоа не мора да значи дека сакате да започне на влажни гуми. Постои еден многу важен дел во делот на стратегијата на гумите. Бројот на кругови пред да влезе во боксот за промена на времето. Во реалните Ф1 трки , кога почнува да врне обично има неколку круга на патеката ,бидејки патеката не е доволна влажна за гумите за дожд , а истото важи и кога ќе престане да врне. НЕ ВО ГПРО, кога почнува да врне во ГПРО целата патека веднаш станува влажна и ви се потребни вашите гуми за дожд, а кога ќе престане да врне целата патека е сува и ти требаат вашата гуми за суво време. Ова значи дека во повеќето случаи ќе сакате "Колку круга до возачот ќе престане да" за почеток или запирање на дождот да биде - нула. Една друга работа да се напомене тука е дека кога ќе се менуваат гумите, се дотура гориво. Ова може да ви предизвика проблем и да ја уништи вашата стратегија за гориво, па тоа е нешто што мора да се разгледа подетално и да се размисли добро пред трката .

Возачката стратегија е последниот дел. Прво, тука ги имаме ризиците на возачот. Како ГПРО линкот наведува , вредност од 40 тука се смета за многу висока за Руки групата . Треба да се има на ум дека колку што возачот ризикува повеќе , толку ја намалува издржливоста на болидот во трката . Исто така, во рамките на стратегијата за возачот постои опција да ги споделите стратегиите со неговиот тимски колега во минатото. Нема проблем ако се види нешто од тоа или се искористи како детал што ке ви помогне, пример помош од некој соиграч од вашата екипа со корисен совет за сетап или информација .

Ако болидот има технички проблем, има смисла да се поправи , ако се разбира се поправа, но на колку кругови пред крајот може и е дозволено тоа да се направи е сепак ваш личен избор. Исто така личен избор е - Наполнете гориво кога застанувате за технички проблем, дали сакате или не .

Конечно, можете да ги дадете вашите почетни инструкции на возачот. Овие се слични во стилот на оние за квалификациските кругови .

И двата ваши квалификациски кругови мора да завршат најмалку 90 минути пред почетокот на трката. Ова исто така важи и за ажурирање на вашата стратегија за трката , која може да се промени онолку пати колку што сакате, но до 90 минути пред почетокот на трката , кога треба да започне страницата да внесува подесување на трката кои ќе бидат заклучени и нема повеќе промени да бидат можни.


Ден за трка


Трката сама по себе си течи, без разлика дали вие сакате да ја гледате или не. ВО текот на истата, вие не можи ништо да промените или да интервенирате, така да го смените исходот на трката. Така да тоа значи без разлика дали ке ја гледате или не, исходот ке биде истиот.

Трката сама по себе се упдејтира на секои две минути , со наредниот круг во трката. Тоа значи дека ако трката трае пример 40 кругови, на секој нареден кург, 40 пати ке се упдејтира со нови податоци. Од прили ви траела со тие 40 кругови околу 80 минути. Тоа сепак не значи дека толку баш ке трае трката, но од прилика означува време колку ке трае за да се гледа во живо .

А после кратко време откако ке заврши трката (околу половина час) вашите канцеларии и вашата страна е веке освежена со нови информации и статус ваш после завршената трка. Може да ги проверите сите податоци од трката, дури може и да ја изгледате репризата на трката. А тоа значи и дека таа реприза ке може да се изгледа и за многу пократко време од реалното време за траење на трката.


Спонзори


Кога ке се придружите на играта, даден ви е спонзор за 10 трки кој ви дава по 1 милион од трка. Ова е случај во Руки рангот после ресет. Работа на ваш избор е тоа ако сакате да барате и други спонзори.

Многу поефикасно е да преговарате само со еден спонзор истовремено, затоа што преговорите ке одат многу побрзо.Вие ке бидите прашани неколку пати во текот на преговорите од страна на спонзорите различни прашања . Мора да ги одговорите прашањата пред следната трка, затоа што ако него направите тоа преговорите нема да напредуваат. Исто така препорачливо е да преговарате со спонзори кои во тоа време не преговараат со други екипи и менаџери.Така исто преговорите одат побрзо и многу побрзо напредуваат.


Тестирање


Има 8 приоритети што се користат и тестираат во текот на тестирањата. Кога ке правите тестирања, тоа ке ве чини 1 милион и деловите од вашиот болид исто така се оштетуваат. Ке добиете 10 стинтови за тестирање и максимум од 100 кругови за тие 10 стинтови.

Фините подесувања на болидот - тестирањето ке ви даде од возачот значајни коментари како ви е сетиран болидот за таа тест патека на која тестирате, тоа е исто како тренинг круговите пред секоја трка.

Секоја друга опција ви дава различен вид и тип на тест поени, кои се групирани во три групи и тоа Сила- снага на болидот, Управување и Забрзување. Тие тест поени заработени од тестирањето во текот на наредните 4 трки ке бидат претворено во поени кои ке се надградат на вашиот болид, со што ке го подобрат квалитетот на вашиот болид. Што повеке кругови тестирате за еден одреден сегмент, толку повеке поени ке заработите за тој сегмент. Тие поени како што кажавме во текот на наредните 4 трки се конвертираат во поени на вашиот болид, а брзината на оваа конверзација исто така многу зависи и од нивото и големината на вашите фабрки за унапредување и надградба на болидите.


Екипа и фабрика за унапредување


Додека сте во Руки рангот , единствените работи кои ке може да надградите се Пит Стоп центарот и Комерцијалниот центар. Остатокот од фабриката се базира на тоа колку тест поени се конвертирани во болидот и неговите карактерни поени.
Во насока да се тренира вашиот Стаф, вашето ниво на Стаф мора да е пониско од Вкупното ниво на Стаф максималното ниво што е прикажано на екранот за Стаф и Фабриката. Ова ниво се зголемува со купување и надградување на фабричките погони .

Водич за почетници
Последно освежување на податоците: Ное 9 2008, 11:28:20