Grand Prix Racing Online - Политика на приватност

0. Важно

Ова е слободен превод на официјалната ГПРО Политика на приватност. ГПРО не е одговорен за било какви грешки во овој превод. Во случај на двоумење или во случај на спор, англиската верзија е секогаш точна.

1. Вовед

Политика која го заштитува Гран При Онлајн (“ГПРО“)користење на личните информации собрани во ГПРО, кога го користите сајтот на www.GPRO.net. Идејата на оваа политика е да ги информираме сите наши корисници за информациите кои ги собираме и како ги користиме. Секогаш кога ке испратите ваши лични информации на овај сајт, тие секако ке се предмет на оваа политика на приватност и лична заштита.

2. Собирање на информации

Кога ке се регистрирате на ГПРО ви бараме ваше име,датум на раѓање, е-маил адреса и пол.Откако ке се регистрирате со нас, вие не сте повеке анонимни. Ние автоматски ги повлекуваме информациите од вашиот прелистувач , вклучувајки ја вашата ИП адреса, страните што сте ги барале и отворале, а секако информациите околу ГПРО. Тоа се информации со кои се служиме за да ја одржиме сигурноста, да ја унапредиме, а секако и да обезбедиме правилно користење на ГПРО.

3. Достапност на Информациите

Информациите испратени до ГПРО можат да бидат видливи на веб-сајтот на ГПРО. Ова го вклучува вашето име, датумот на раѓање, е-маил адресата, националноста, полот и потребните детали за највување. Секое користење на веб-сајтот е следено од страна на ГПРО и може да биде претставено на јавноста во било кое време без претходно известување до вас. ГПРО персоналот има достапност до подетални лични информации отколку пошироката јавност. Администраторот на сајтот можи да го гледа вачето корисничко име и лозинка за ја одржи безбедноста на сајтот. Тој исто така има право да менува некои лични информации или прилагодувања кои ги имате испратено на сајтот.

4. Употреба на информациите од ГПРО

Личните информации испратени на ГПРО не смеат да бидат продадени, дадени или изнајмени на никого. Личните информации ќе бидат дадени на трети лица кога ние ќе бидиме повикани да го напривиме тоа според закон или некоја друга легална обврска, или пак доколку вие се однесувате на начин кој ние сметаме дека ги прекршува Правилата на Употреба.

5. Употреба на Куки (кукиес- колачиња историјат на секоја вев страница што се отвора и остануваат меморирани во историјата на пребарувачот)

Куки (cookie) е мала количина на податоци, што често често се испратени од анонимни испраќачи и секогаш се снимаат во вашиот компјутер, преку одреден вебсајт или преку вашиот браузер. Секој вебсајт си пушта свој одреден куки на вашиот браузер, ако тоа вие го дозволите и прифатите, односно на кои вебсајтови дозволувате да ги снимите тие мали куки и да можите да ги отворате и слободно работите со нив, односно на некој начин имате доверба во истите. Но во исто време вие давате дозвола само на тој вебсајт да го отвори куки делот со податоци за својот вебсајт што претходно сте го снимиле, а не дозволувате на останати веб сајтови да можат тоа слободно да го прават.

ГПРО може да прати куки, односно исто така да пристапи до куки податокот на вашиот компјутер. Тоа е потребно заради неколку причини , вклучувајки и но не и лимитирано само на тоа:

• Давање на информација и пристап до датабазата на некој играч.
• Следење на подесувањата на одредени играчи додека користат ГПРО .
• Да овозможи лесно пресметка колку податоци и колку регистрирани корисници ги користат податоците, односно колку волуменски податоци се пренесуваат и се потребни .
• Се прави и тестирање на содржината на ГПРО и придружните сервиси за да се подобри услугата и одредени делови на самата игра.
• Ја штити безбедноста на вашиот акаунт со вметнување на пасворд за повторно користење, а сето тоа ако повторно се користи после одредено време .