Често Поставувани Прашања
Последно освежување на податоците: Јан 30 2010, 11:57:10


Возач

П: Сакам да го обновам договорот со возачот, како да го сторам тоа ?

О: Може да се обнови договорот во секое време, ако возачот е со понизок просек од она што се бара во твојата група . Ке платите такса за новиот договор , но нема да платиш нова плата по цена на новиот договор, него ке зема возачот плата по стариот договор , дури не истече истиот. За да го обновиш договорот, оди на Договор за возач на главното мени на ГПРО твојата страна.

П: Го обновив договорот со мојот возач, но вредноста во останати трки за возење
кај возачот не е променета, зошто е тоа така ?

О: Вашиот возач ке го заврши договорот кој сте го потпишале, а новиот договор ке му започне откако ке заврши стариот. Без грижи, возачот ако ги прифати условите и договорот со вас, тој нема да ве напушти, односно не може да го земе друг. Може да го изгубите само ако му заврши договорот, а не му го обновите, односно ако испадните од таа лига и ранк во некој понизок ранг, така да средните вредности за возачите во тој ранг се доста пониски од рангот што го има вашиот возач во тој момент. Продолжувањето на договорот ке се појави на почетната страна од прилика на ваков начин : Останати трки 8 (+17). Но тоа нема да се појавува на други страни, освен на страната и линкот на возачот , каде ке се гледа дека има нов договор, кој продолжува откако ке истечи тековниот.

П: Мојот возач е над групниот просек , па затоа сакам да го обновам договорот, како да го направам тоа ?

О: Не е можно, во иднина ако планирате да го задржите возачот за подолг период со вас, може да го обновите договорот пред негово истекување. Па така ке може да го задржите и до 34 трки.

П: Каде ми исчезна возачот
?

О: Можно е да му истекол договорот, па ќе треба најдеш нов. Или имаш испаднато во пониска група и неговото ниво беше поголемо од дозволеното.

Поправи го болидот

П: Дали е возможно да се промени нешто на болидот после тренингот и квалификациите ?

О: Да, новитетите ке работат, но треба да земите во обзир ако ги менувате деловите после тренингот или квалификациите , тие секако ке влијаат драстично сетапот на болидот за трката.

П: Зошто не можам да направам промени на болидот
?

О: Можни причини:

• Ако си во негатива не ти е дозволено да го надградуваш болидот, само да спуштиш некои делови на пониско ниво.
• Веке го надгради болидот што може да се направи само еднаш по трка.
• Го промашивте временскиот интервал за следната трка, што е час и половина пред почетокот на стартот на трката.

П: Сите делови ми се истрошени, во минус сум и неможам да купам нови делови, што да правам?

О: НЕ ПАНИЧИ! Треба да се смириш и да се научиш да го контролираш трошењенто на деловите на болидот, внимавајќи на ризиците на возачот. Пробај да ги завршиш трките со што ќе добиеш повеќе пари. Сепак сеуште можеш да го намалуваш нивото на болидот. Многу внимателно размислувај за што ќе ги искористиш парите. *Мала помош- Ризик од 40 е преголем за Руки.

П: Што значат
П , Х и А во играта?

О: Ова се Сила (моќ), Управување и Забрзување атрибутите на болидот , според надоградбите и тестирањата што сте ги направиле во текот на сезоната и ги имате акумулирано .

П: Што означуваат буквите П, А, Х и Б до типот на болидот во графата за Пари и ниво на болидот кај натпреварувачите ?

О: Ова е моменталната состојба и карактерот на твојот болид, П е за сила, А за забрзување , Х е за управување, и Б за балансиран болид .

П: Што е поентата со П, Х и А во трките
?

О: Погледнете во статистиките на трката , за пример, болид со карактеристика дека е доста силен (има силен мотор) , ке оди доста побрзо на патека каде се фаворизирани
болидите со такви силни мотори .

П: Колку чинат деловите за болидот на секое ниво
?

О: Ке заклучиш дека некои делови се поскапи од останатите, делови што влијаат многу повеке на перформансите на болидот . Тоа значи дека ниво 2 мотор ке кошта многу повеке него ниво 2 предно крило,пример.

Вежби

П: Како да започнам?

О: Екранот за тренинг прикажува дека имаш 8 кругови дозволено за да го определиш сетапот на твојот болид во комбинација и помош од возачот за оваа патека. Внеси некои сетирања, да кажеме 500 во секое поле и ке видиш како возачот реагира и бара да ги подесиш, односно промениш деталите на одредени сетинзи.

П: Што означуваат сетирањата кога се тренира ?

О: На екранот за тренинг, може со глувчето да помините на полињата што се обоени со син прашалник, за да добиете информација за сетирањата на тој посебен дел, како и то пишува во анализата :

• Крила - повисока вредност дава повисока вредност на даунфорсот на болидот.
• Мотор - повисока вредност дава поголема максимална брзина, но помало забрзување.
• Кочници - повисока вредност го менува центарот на кочење напред.
• Менувач - повисока вредност ја зголемува максималната брзина а го редуцира забрзувањето.
• Суспензија(амортизери) - повисоката вредност ја зголемува тврдината на суспензијата (покрута амортизација)
.

П: Мојот возач е срекен со сетирањето на болидот , но сеуште сум многу спор на патеката. Што е проблемот ?

О: Има повеке причини зошто си така спор, болидот, возачот, дури и временските прилики може да влијаат на сетапот, дури и тоа дали возачот е задоволен со сетапот иако тоа не е најбрзиот можен сетап. Пробај да направиш фини подесувања на твојот сетап и види дали тоа ке вроди со плод и побрзи времиња .

П: Посакуваниот сетап на возачот е доста поспор од сетапот со кој не е задоволен , зошто е тоа така ?

О: Можно е твојот возач да нема адекватен скил за сетирање на болидот, но можеш да ги тренираш неговите технички способности за да се подобри таа состојба. Исто така може да има и други причини поради кои е тоа така .

П: Кои гуми можам да ги користам на тренингот?

О: Можиш да користиш било кои гуми за време на вежбите.

П: Моите времиња на вежбите се многу побавни од оние кои менаџерите ги имаат направено во квалификациите, што да направам?

О: Многу параметри влијаат на трката и твојата брзина , може да е нивото на напредок на болидот или нешто сосем друго, како пример твоите опоненти имале повеке срека со високите ризици во квалификациите .

Квалификација 1

П: Кој тип на пневматици треба да ги користам во Квалификациите ?

О: Гумите кои ги одбравте да ги возите во квалификациите се исто така гумите со кои ке возите во трката. Треба секако да направите добар избор на гуми со кои ке имате најдобра стратегија. Гумите се трошат во текот на трката, кога ке се потрошат, времињата на круг секако ке бидат поспори. Затоа направете паметен и осмислен избор на пневматици за вашата стратегија.

П: Ако одберам гуми за дожд, имам ли и други гуми?

О: Не, ако одбериш гуми за дожд ти исто така ќе имаш можност да одбериш и суви гуми во случај да има суви периоди во трката.

П: Колку ке издржат пневматиците
?

О: Ке имате добра идеја и инфо за тоа колку ке издржат гумите на тестирањата . Потрошувачката на гумите зависи од патеката и температурата , другите детали исто така влијаат, но тоа се главните,а за останатите ке заклучите и сами колку и во колкав процент. Важно е да добиеш добра информација за трајноста на гумите, што може да ти користи во иднина.

Квалификација 2

П: Колку гориво ми е потребно?

О: Горивото кое го внесовте за Квалификациите 2 е горивото со кое ке ја започнете трката и првиот стинт, а тоа е дел од вашата стратегија. Ова е еден од деловите во играта каде треба да експериментирате, а и никогаш нема да ја завршите прерано трката заради недостаток на гориво, секогаш кога ке снема гориво автоматски возачот оди во пит и дотура. Ако ставите повеке гориво и ке видите колку точно колку гориво ви било потребно после трката во екранот "Анализа на трката" . Тука ке видите прецизно колку ви било потребно точно гориво за целата трка. Како основа и почетна точка имајте во предвид дека секоја стандардна 300км долга трка не би требало да има повеке потрошувачка од 280 литри на гориво.

Подесувања за трката (Сетирање за трка)

П: Не можам да направам промени на болидот, а има уште еден час до почетокот на трката, зошто е тоа така ?

О: Страницата за сетирања за трката секогаш се затвора на 1 час и 30 минути пред почетокот на трката , за да може скриптата од играта да ги изработи , искалкулира и внеси сите стратегии и сетирања на сите менаџери за трката која следува .

Информации за патеката

П: Времето за влез/излез од пит за оваа патека е 16.5 секунди, дали е тоа влез и излез заедно , или се тоа 16.5 секунди за влез и 16.5 секунди за излез ?

О: Ова е конечно време за влез и излез од пит бокс заедно .

Време

П: Временската прогноза дава прогноза за временскиот период во времето од 0ч – 0ч30м и што тоа претставува
?

О: Овој пат периодите се базирани според времето за извозен еден круг, не за време на круг во трката во живо. Пример, со просечно време на кругот од 1:30.000 возачот ке извози 20 кругови во тој период од 30 минути.

Трка живо

П: Кога можам да ја гледам трката?

О: Трката може да се гледа во Живо секој Вторник и Петок од 20:00 ЦЕВ, 15 минути пред трката , кликнете на копчето за трка (горе десно - Трка во Живо ) и ке се приклучите на екранот за следење во живо на трката.

П: Во екранот за Трка во Живо/ Реприза на трка ,стои број до жолтата линија - Останато гориво , што кажува дека има од прилика 22% , што означува тоа ?

О: Ова е средна вредност за тоа колку гориво е останато во резервоарот , која се намалува за 3 на секоја промена. Затоа остатокот на гориво ке биде помеѓу 21% и 24% .

П: Кога ја гледам трката во живо, автоматски не ја обновува со нови податоци (рефреш) . Дали е тоај некој баг ?

О: Не, не е грешка. Ова можи да се случи доколкѕ твојот интернет пребарувач не поддржува Јава скрипта/AJAX или доколку ти го имаш исклучено.

Анализа на трката

П: Во анализата на трката, пишува дека гориво останало на крајот од стинтот околу 20% ,но 20% од што?

О: Останатото количество на гориво е % од вкупниот капацитет на резервоарот, а вкупниот капацитет на резервоарот е 180 литри. За пример, 20% останатоt. 180/100 = 1.8. 1.8 X 20 = 36 литри .

П: Во трката застанав после 4 кругови, но имав повеке гориво во резервоарот отколку што барав од пит боксот да се дотури. Како може екипата да направи грешка со горивото? Дали е ова некој проблем или ?

О: Не, твојот болид ќе го напушти боксот со количеството на гориво кое е веќе во резервоарот, механичарската екипа нема да изваде гориво од болидот.

Тестирање

П: Зошто да правам тестирања
?

О: Не морате, но добро е за да се научи нешто повеке за играта , а и истотака тестирањата носат значајни напредок и придобивки за болидот .

П: Дали тест патеката некогаш се менува?

О: Нормално е после крајот на секоја сезона, да се смени на нова тест патека, а на неа може да се тестира во текот на целата сезона.

П: Како тестирањето го подобрува болидот?

О: Ке забележите дека има различни типови на тестирања, секое се однесува на одреден сегмент од болидот- Снага (Моќ), Управување и Забрзување, останатите се однесуваат на сите карактеристики. Круговите кои ги возите во тест сесијата се конвертирани во следниот чекор (И и Р), а потоа после наредната трка во инжинерски поени и финално во карактерни поени на болидот, кои се додадени на моменталните СУЗ карактерни вредности на болидот. Имајте во предвид дека тестирањето исто така го оштетува болидот.

П: Не можам да тестирам, дали е тоа некоја грешка
?

О: Ако си во негативно салдо, не може да тестираш. Исто така , ако некој од деловите на болидот е оштетен преку 90% исто така нема да ти е дозволено да тестираш, поради техничка безбедност и неисполнување на тие стандарди .

П: Како да пресметам колку гориво искористив во тест сесијата ?

О: Пред да направиш стинт , полниш одредено количество на гориво колку што имаш замислено дека е потребно. После завршување на стинтот, се покажува колку е останато гориво, а и колку се потрошени пневматиците за време на тој стинт. Исто така се гледа и времето на најбрзиот круг забележан за време на стинтот .

П: Зошто возачот не ми дава фидбек од возењето
?

О: Единствено вашиот возач ке ви даде фидбек на тестирањето , ако одберите фини сетирања на болидот во опциите за текот и начинот на тестирањето.

Спонзори

П: Во преговори сум со 5 спонзори и преговорите траат до бескрај, дали нешто правам погрешно со спонзорите?

О: Вашата комерцијална екипа троши многу време на повеке спонзори, пробајте да се концентрирате на 1 или 2 и видете што ке се случи.

П: Зошто го изгубив спонзорот
?

О: Можеби даде погрешна насока во договарањето со нив. Можеби си ставил дека ке го освоиш Шампионатот? За да го освоиш Шампионатот мора да си во Елите групата
.

П: Спонзорот ми постави прашање, како да одговорам?

О: Тоа е твое, но запомни , ако даваш погрешни податоци на спонзорот, тие ке бидат незадоволни и нема да го потпишат договорот .

Персонал и објекти

П: Не сум во негативно салдо, а не можам да ја тренирам екипата од боксот, зошто ?

О: Ова се случува кога нивото на твојата екипа е повисоко од нивото на тренинг што може да го направиш во твојата фабрика. За да ја тренираш твојата екипа, мора прво да ги надградиш деловите од фабриката .

Технички директор

П: Не можам да го обновам договорот со Техничкиот директор,зошто ?

О: Не е можно да се обнови договорот со Техничкиот директор во ГПРО. Ова дава опција за поконкурентен пазар купување на Технички Директор
.

П: Техничкиот Директор ми исчезна, а догворот не му истече, зошто?

О: Правилата на играта укажуваат дека Техничкиот Директор ке замине од екипата, ако твојот финансиски баланс е понизок од -$15.000.000 , бидејки не може да го плаќаш и нема да работи за џабе. Или евентуално ако си испаднал од групата на крај на сезона, во понизок ранг каде што не е дозволено да имаш Технички Директор .
ж

П: Не можам да понудам договор на Технички Директор, зошто ?

О: Единствена причина за ова е :
• Не си во бараната група, Технчкиот Директор е дозволен само во Елите , Мастер или Про групите .
• Не можиш да си дозволиш Технички Директор поради негативниот баланс на твоето финансиско салдо.
• Вкупниот потенцијал на Техничкиот Директор е превисок за твоето ниво во кое се натпреваруваш .

П: Ако слезите под -$15.000.000 дали автоматски Техничкиот Директор ке си замине или ке чека да види дали после наредната трка ке бидам со салдо подобро од -$15.000.000 по крајот на таа трка
?

О: Ќе те напушти пред трката.

Табела на менаџери

П: Што означува буквата Н после името на менаџерот во табелата за позициите во сезоната ?

О: Буквата ``Н`` претставува негативен баланс на менаџерот .

Тимови

П: Дали парите од екипата на која сум член се делат на крајот на сезоната меѓусебно на сите членови ?

О: Парите на тимот од поените на тимот ќе бидат подеднакво поделени помеѓу сите членови на тимот.

Промоција / Испаѓање на крајот од сезоната

П: Кога се промоциите / испаѓањата калкулираат, дали е пред или откако ке се доделат паричните награди за сезоната ?

О: Промоција/Испаѓањето од групата се пресметува , откако ке се исплати бонусот на првите 10 менаџери за нивните позиции по крајот на сезоната. Но пред да се исплати бонусот за добиените поени, екипниот пласман бонусот и бонусот за сите извозени трки во сезоната. Паметно е да се планира пласман на врвот и промоција, но со добро салдо на сметката,односно добра сума на кеш, со цел да се подобри болидот за наредната сезона. Не е добро ако сте промовирани, а имате малку пари да вложите во болидот. Така ке имате многу лош старт на новата сезона во повисок ранг на натпреварување, каде е многу потешко да се соберат пари , него претходно.

П: Што се ресетира по крајот на сезоната во Руки
?

О: Во Руки на крајот на сезоната , некои од атрибутите, ке бидат ресетирани, ова се случува после промоција или испаѓање :

• Ниво на болидот - се ресетира на ниво 1
• Фабрика - се ресетира на 0
• Возач - ако возачот е над дозволениот лимит за Руки (85) пред почеток на сезоната, ке го изгубите возачот
• Пари - ке бидат ресетирани на $30.000.000
• Спонзор - спонзор автоматски ке ти е доделен, а останатите спонзори отстранети, а и преговорите избришани
• Тест поени - сите карактеристики на болидот ке бидат ресетирани
• Екипа од бокс - се ресетира

П: Што не се ресетира по крајот на сезоната во Руки ранг
?

О: Руки ресетот има ефект на следните работи:

• Возач - ако е под дозволениот максимум ОА за Руки рангот (85) тогаш нема да го изгубите односно да се ресетира
• Екипа - ако сте во екипа, вашето членство во истата ке продолжи
• Лични податоци и статистики - сите ваши податоци и статистики ке останат снимени

П: Што поточно се случува по крајот на сезоната
?

О: Ова е листа на настани што се случуваат:

• После трката топ 10 позиции парично се наградени
• Промоција / Испраѓање скрипта
• Продажба на деловите / фабриката за да се вратиш во позитива
• Поени за Крај на Сезоната и паричните бонуси
• Пари за Тимски поени освоени
• Акаунтите за сите менаџери во Руки ранг ке бидат ресетирани.
• Бонус за купување делови во сите трки

П: Кога се објавува календарот за следната сезона?

О: Нормално е листата на патеки со првичните датуми за одржување се објавени 3-4 трки пред крајот на сезоната која е во тек, а очекуваните датуми за ресет на сезоната се објавени после последната трка на сезоната.

Профил

П: Имам пријател кој исто ја игра играта и сака да биде во иста група со мене за наредната сезона . Дали има некоја шанса да се побара и организира тоа ?

О: Да, сите менаџери може да одберат група во Руки рангот. Промените може да се направат во Сетирање на налогот -> Ресет или бришење на налогот -> Преферирани Руки група. Биди сигрен дека и ти и твојот пријател сте одбрале иста група. Промените ке имаат ефект само во случај ако играат во Руку за тековната сезона и нема ефект ако се промовирани во повисок ранг на натпреварување. Менаџерите во повисокот ранг кои сакаат да го ресетираат налогот и да се вратат во Руки , исто така мораат да пратат барање на Сетирање на налогот -> Ресет или бришење на налогот -> Ресет на налогот
.

П: Моето име е погрешно и не се менува кога ќе го променам во мојот профил. Зошто?

О: Откако ке биде одобрен вашиот налог, не може да го менувате вашето име во играта. Ако името е погрешно, контактирајте го едниот од администраторите и тие ке го променат тоа за вас
.

П: Не можам да ја уплоадирам сликата , дали е тоа некоја грешка
?

О: Ако пробаш да уплоадираш слика што е поголема од 30кб тогаш може да извади грешка. Во тој случај ке мораш да ја намалиш големината на сликата пред повторно да ја уплоадираш. Ако не си сигурен како тоа да го направиш, слободно моќеш да не исконтактираш нас или било кој од администраторите .

На форумот

П: Како да го пребарувам Форумот?

О: Влегуваш на форумот преку кликање на „Форум“ од менито на врвот на страницата, а потоа одбери Пребарувај го форумот. Тука има повеќе опции за пребарување на форумот, можеш да го пребаруваш форумот според автор, или според одреден збор(ови). НАПОМЕНА: првично избрана е опцијата за пребарување само во насловите на темите, можите да го пребарувате целиот форум преку одбирање на 'Целосни мислења' опцијата.

П: Сакам да користима Италик, Болд или Подвлечен текст на Форумот , дали е тоа можно да се користи ?

О: Да, некои специјални тагови се достапни за оваа намена. Тагот се презентирани преку квадратче ([tag]sнекој текст[/tag]) како што следи :

Италик -тагот е "i"
Болд - тагот е "b"
Подвлечено - тагот е "u"
Помини низ - тагот е "s"

П: Како можам да цитирам нечие мислење на форумот?

О: Едноставно одбери текст што сакаш да го означиш со глувчето и кликни на "Quote" веднаш до текстот што сакаш да го означиш. Означениот текст ке се појави во "Reply to this topic" текстуалното прозорче на дното од коментарите , а ке забележиш дека е затворено во означен таг ([quote]некој текст[/quote]).

П: Што се и што означуваат малите очи на дното од форумот
?

О: Ако кликнеш на “очињата“, темата која ја читаш ќе биде додадена на твојата листа на набљудувани теми и темата ќе се покажува на листата на последни дискутирани теми на почетната страница.

П: Што е црвениот симбол што е до шудните очи на дното на страната на форумот?

О: Ако кликнете на симболот кој сакате да го додадете на моменталната страна на вашата Игнор листа. Еднаш игнорирани, листата повеке нема да се појавува во листата на последните дискусии - секцијата на вашата почетна страна .

Често Поставувани Прашања
Последно освежување на податоците: Јан 30 2010, 11:57:10