Правила на играта
Последно освежување на податоците: Авг 14 2024, 14:34:42
1. ПрегледГран При Tрките Онлај е веб базирана мотоспорт менаџерска игра, каде имате контрола и влијание на вашиот тркачки тим и екипа. Потпишувате возачи, технички директори и стаф екипа. Преговарате со спонзорите, а и со останатите менаџери за да оформите екипа. Го сетирате болидот за квалификации и за трка, планирате тактика и ја снимате во насока да станите најдобар менаџер на патеката, а секако да напрадувате до врвот и да станите Шампион на Елит рангот. 1.1 ФорматНајвисоко ниво на играта е Елит, под кое се наоѓаат 4 групи на Мастер класата, пратени од 16 групи на Про класа, 64 групи на Аматер класа и 256 групи на Руки класа. Сите групи прават пирамида од 5 нивоа, каде што секоја група кореспондира со истото ниво на Елит на врвот, пратени од Мастер, Про, Аматер и Руки. Кога менаџер ке се придружи на играта, влегува во најниската Руки класа и нивна задача е да се избори и да стигне до Елит класа и да го постигне највисокиот успех да стане Светски Шампион во Гран При натпреварите. 1.2 ТркиСекоја недела, во вторник и петок во 20:00 ЦЕВ (Центрано Европско Време = ГМТ+1) има симулација на играта, односно трка, која може да се гледа во живо на интернет, а исто така може и да се разговара со ривалите и менаџерите во собите за разговор. 1.3 Создавање на МенаџерПрвата задача ви е да го регистрирате вашиот акаунт. При регистрација , мора да ги внесете вашето вистинско име(мора да е вистинското име) и валидна е-маил адреса и да одберите лозинка за вашиот акаунт. Откако ке го направите тоа ке бидите сместени во Руки групата и ке бидите спремни за старт на вашата менаџерска кариера. Ако се случи вашата регистрација да помине за време на трка или за време на одморот помеѓу сезоните, тогаш ке бидите ставени на "Листата за чекање" дури не заврши трката односно паузата помеѓу сезоните. Имајте во предвид дека вашата регистрација понатаму може да е предмет на проверка во следниот и наредниот период од вашата кариера во играта . 1.4 Почетните фазиВие ќе започнете во една од Руки групите, што е најниско ниво во играта. Ќе добиете $ 30.000.000, стандард (прилично лош) возач, и на ниво 1 болид , ако ви се придружиш пред првата трка од сезоната, во спротивно вашите пари ќе се намали во зависност од бројот на трки до крајот од сезоната. Внимателно со трошењето на овие пари, парите што ќе добиете од сега па натаму ќе биде она што ќе ги заработувате со ефикасноста на вас како менаџер и вашата екипа. 1.5 Бодовен системГо користиме системот на бодување од Формула 1 трките каде што менаџерите се бодуваат од 1-8 место по системот 10-8-6-5-4-3-2-1 поени по трка . 2. Припреми за тркаПред да учествувате во трка, мора претходно да направите неколку чекори за да се осигурате дека сте спремни и да си дадете шанса дека ке имате успех . 2.1 Надградби на болидот Овде може да потрошите некоја банка од џебот со цел да го подобрите вашиот болид. Како ке го унапредите болидот е ваша одлука. Екранот ви покажува како ви изгледа сега болидот, колку се оштетени деловите на болидот, на кое ниво се тие делови. Вие тука можете да ги преземете следните акции за сите делови: 2.2 Тренинг и КвалификацијаКога сте задоволни со подготовката на вашиот автомобил за следната трка, може да продолжите на патеката. На врвот на екранот се гледаат бројот на сите кругови што треба да се одвозат, со поставките што се користат, времето на круг, а и износот на време што возачот го изгубил поради грешки. На левата страна од екранот се покажува која трка е по ред и карактеристиките на таа трка. Таа, исто така го покажува најдобриот квалификациски круг до сега, а исто така и на најдобар круг во тек на една трка до сега. На левата страна на екранот на дното се покажува временската прогноза за целиот викенд, ова може да биде корисно кога ќе ги избирате вашите гуми и планирањето на вашата пит стратегија за трката која следи . Во тренингот имате 8 круга за да се обидете и да се постигне најдобар сетап кој може да го добиете на својот болид. Мора да внесете подесување за вашиот болид и изберете еден вид на гума да се извози квалификациски круг. Ако сте задоволни со сетапот на болидот, изберете "Квалификации" типот, па со одбраниот сетап ке го одвозите тој квалификациски круг. Со секој тренинг круг вашиот возач ке ви дава фидбек како е добра стратегијата и подесувањата на болидот што сте ги поставиле. Некои возачи се подобри од другите во наоѓањето на перфектниот сетап, но ке мора да експериментирате дури не го најдете вистинскиот сетап. Откако ке ги искористите сите тренинг кругови или сте задоволни со сетапот на болидот, одберете квалификациски круг. Одберете ги внимателно гумите што ке ги користите, бидејки тоа се гуми што ке ги користите до крајот на ГРан При викендот вклучувајки ја и трката. Сетирањето на ризикот ке се одрази на квалификацискиот круг, експериментирај за да го најдиш најдобриот сетап. Сега треба да го завршите и Квалификацискиот круг 2, но ова е различно, овај круг како и во вистинскита Ф1 е со тоа количество на гориво со кое стартувате на трката и со горивото со кое исто така стартувате во трката. Така да секако ова време ке е многу поразлично и побавно од Квалификацискиот круг 1. Значи времето на овај круг,заедно со времето од Квалификацискиот Круг 1, го оформуваат крајното ваше време, со кое секако ја добивате позицијата на стартната рамнина од која ке стартувате на почетокот на трката. Што значи нема повеке опции за тренинг круг или повторен фидбек од вашиот возач, него само овај одлучувачки круг и следно се вози трката. Можете да ги користите вашите поставувања од претходниот квалификациски круг, со кликнување на "Земи поставувања од Квалификации 1" копче, или може да ги измените вашите поставувања и ако мислите дека имате подобри поставувања и сетап. Изберете го количеството на гориво за вашиот прв престој на патеката и изберете и одберете ризици ке возите во трката. Може да ја проверите вашата позиција на гридот на “Стартен грид” страната. Белешка: Секој тренинг круг ке ве чини $50.000 и секој квалфикациски круг чини $100.000. 2.3 Ризици на возачот и ниво на енергија на возачотСекој возач има специјален атрибут кој се вика енергија на возачот. Ја дефинира кондицијата на возачот и директно е поврзана со ризикот на возачот кој можи да го вложи и направи во наредната трка. Што повисоки ке преземите во текот на трката, толку побргу се троши енергијата на возачот во текот на трката. Ако енергијата на возачот падни на 0%, вашиот возач ке ги комплетира останатите кругови од трката без ризици и во многу поспоро темпо. Зависно од скилот и нивото на возачот, ке зависи колку бргу и колку енергија ке троши во текот на трката. Од друга страна, некои патеки побаруваат доста повеке и од самиот возач. Така да, многу битно е да се кажи и да се знае дека многу малку возачи можат цела трка комплетно да ја извозат до крај со највисоки ризици! Помеѓу трките енергијата на возачот полека се обновува. Исто така многу важно е да се напомене, да се одреди периодот и времето колку време е потребно да се обнови енергијата на возачот помеѓу трките, за да може да креирате тактика за следната трка со оглед на тоа што ке знаете колку енергија ке поседува вашиот возач. Нивото на енергија за време на квалификациите и тестирањата, нема никаква врска со истите. Но возачот ке изгуби малку од својата енергија за време на квалификациските кругови. 2.4 Сетуп за трка и стратегијаОвде ја потврсувате вашата стратегија за болидот за трката. Можете исто така да го одберете сетапот или од Квалификациите Првиот дел или од Квалификациите Втор дел , односно може и сосем нова стратегија да наместите. Мора исто така да одберите со која количина на почетно гориво ке стартувате во трката. Може да сетирате исто така колку вашиот возач ке презема ризик во текот на трката, односно колку ке вози агресивно. Може да сетирате кога и во кои кругови ке сакате, ако евентуално сакате, ке ги искористите брзите кругови. Дури може да се намести и сетира, како ке реагира возачот и како ке ја стартова трката и колку ризик да преземи и на самиот старт. Еднаш кога ке бидите задоволни со вашиот сетап за трката, потврдете ги сетирањата. Може неограничено пати да ги менувате и потврдувате сетирањата за трката , но со едно ограничување, тоа може да го правите временски до 1 час и половина, пред почетокот на трката. После тоа немате такви можност. Запомнете дека мора да наместите колку гориво ке возите во првиот стинт, во Квалификации Втор дел , зошто после тоа , тоа почетно гориво не може да се смени . Исто така насласуваме да се внимава, со која компоненти на гума ке се стартува трката, која компонента на суви гуми, односно компонента на гуми за дожд. А и секој пат тоа мора да се провери, зошто може да се случи , на суво време да се стартува со гуми за влажно време - дожд . 2.5 ГумиСекоја сезона ке може да направите нов договор со добавувачите на гуми : Пипирели, Јокомама, Дунилоп, Бадјир, Мишелини и Бриџрок . Менаџерите во Руки и Аматер групите можат да ги користат само пневматиците на Пипирели (најевтините добавувачи) и договорот со нив автоматски се стартува на самиот почеток на сезоната. Откако еднаш ке се потпиши договорот , истиот не може да се откажи или потпише нов, се до крајот на тековната сезона. Секој добавувач во текот на трката ви нуди по 4 компоненти достапни за таа трка : Екстра Софт (екстра меки), Софт (меки) , Медиум и Тврда компонента, а секако и една компонента која е исклучиво за дожд. Помеките компоненти се доста побрзи и постигнуваат поголеми брзини со истите, но тие пневматици поминуваат пократки далечини. Сепак тоа останува на вас која стратегија ке ја одберите за трката и кои пневматици ке ги користите. 2.6 ГоривоСите болиди немаат иста потрошувачка, и не секој возач користи исто количество на гориво , зависно од возачкиот стил , мораш да определиш колку гориво ке искористиш во трка за најдобра стратегија возможно, земајки во предвид дека што повеке гориво имаш во болидот , за толку ке е поспор болидот во трката . 2.7 Белешки за стратегијата• Ако врне дожд,претпоставуваме дека цела патека е водена. 2.8 Последен рок за квалификации и сетуп на стратегијата за болидот за трка .Краен рок за квалификациите и подесување на сетирањата е 1 час и 30 минути пред почетокот односно стартот на трката. Не може да правите никакви промени, ако измине тој временски рок! 2.9 Достапност на серверот и одлоќување на трката
Ако има некакви проблеми со серверите, односно некаков технички проблем, што нема да овозможи да се одржат Квалификациите до крај во предвидениот временски рок, тогаш дискреционо право е на Администраторите да ја одложат трката. Администраторите исто така ке направат евалуација на одлагањето, дали ке биде возена наредниот ден или друг период, односно ке биде скроз откажана. Сето тоа секако зависи од многу услови, кои ке бидат разгледани и така одлучено . 3. ПерсоналПред секоја трка имате можност да потпишете нов технички директор , Возач , а одлуките за понудите се разгледуваат од 19:00 до 21:00 ЦЕВ во Понеделник и Четврток. Ке ве чини $500,000 да направите јавна понуда за возач , а таа секој може да ја види , исто така и за член на стаф екипата, се додека сте под границите за тоа ниво во кое сте моментално. Бидете внимателни со понудите, бидејки штом ја пратите понудата веднаш ви се одбиваат $500,000 и тие нема да се рефундираат , без разлика дали ке победите на аукцијата или не. А исто така не се рефундираат парите и ако ја тргните односно избришите понудата. Во тој временски рок се затвораат понудите, па најдобрата понуда секако победува, а на вас е секако да одлучите каква и колку висока понуда ке испратите, со која секако планирате дека ке победите а тоа нема да оди на штета на вашиот буџет во играта. Ако успеете во понудата, плакате половина од платата во компензација за бројот на трки за кои ке го потпишите да работи за вас . А ако имате актуелен технички директор или возач , него исто така му исплата половина од платите до крајот и истекот на неговиот договор кај вас, се разбира како обештетување поради предвремено раскинување на договор. 3.1 ВозачВашиот возач има оценка која се вика “Вкупно 3.2 Технички директорТехничкиот директор е важен дел од екипата. Повторно, тие сите имаат еден заеднички “вкупен” атрибут што генерално дава податок на кое ниво се истите. Нивото на Р&Д односно анализа и напредок значајно влијае на сетапот на болидот, но и сите тие податоци влијаат на различни ефекти и делови на болидот. Координацијата на Пит влијае колку време и колку брзо ке престојува болидот во пит и истовремено да е сервисиран во тоа време. Опцијата за потпишување на Технички директор се исти како и за потпишување на возач, само една разлика што техничкиот директор не може да го продолжи и обнови договорот. Ова е од фактот што тие не можат да се тренираат и секако ке е нефер спрема останатите менаџери ако ТД го врзат и го имаат за подолг период. 3.3 Собирање на понуди и одлуки за продажба (маркет)Кога имате потреба од нов возач или сакате да го замените постоечкиот , мора да направите понуда на еден од слободните возачи на пазарот. Ова исто се однесува и на техничките директори. Може да направите до 4 понуди пред секоја стаф одлука, но имајте во предвид тоа дека секоја понуда чини најмалку $500.000 (зависно од типот на понудата) и за да ја смените понудата ке мора да ја исклучите старата, односно откажите, па да направите нова понуда што исто ке ве чини колку и за првиот пат. Не е битно до кој стаф е понудата, 3 понуди може да се направат за возачи, а 1 понуда за технички директор, или 2 понуди за возачи и 2 за технички директори. Максимални бонуси што може да ги понудите на возачите и техничките директори зависи од баланс на финансии на вашето салдо. Ако сте во негатива тогаш не може воопшто да направите понуда. Кога правите понуда не може таксата за потпис да биде над 300% од платата на понудата. Ако успеете со понудите и кај 2 возачи , тогаш потпис ке стави возачот што има поголем приоритет кај вас, односно што е прв најгоре на листата , a другата понуда ке биде откажана. Одлуките за возачите и за техничките директори се вршат Понеделник и Четврток еден ден пред трка, во време од 19:00часот до 21:00 , а во тоа време не може да се прават нови понуди ниту да се менуваат постоечките. За повеке детали кога ке е наредната стаф одлука , може да проверите на линкот на "Вашите понуди" . 3.4 Главна екипа и фабрикаПокрај возачот и можеби техничкиот директор потребни ви се и општ персонал и објекти. Персоналот не се карактеризираат со број на лица, туку со ниво на вештини. Некои вештини на персоналот се променливи со одредени настани или работи кои ту ги правиш (или не ги правиш). Други вештини на персоналот може да се надградат со тренинг. Колку е подобар персоналот, толку повеќе треба да платите. Персоналот може да се тренира само еднаш по трка, но тренингот е ограничен со нивото на вашите капацитети (објекти). Просечното ниво на вашите капацитети ја одредува границата на тоа колку можете да го обучувате (тренирате) вашиот персонал. Исто така, ова значи дека ако сте го тренирале (обучиле) персоналот до сегашното максимално ниво, но го намалите нивото на објектите (намалување на нивото под определна вредност), вештините на персоналот ќе започнат да опаѓаат. Персоналот е важен за различните чекори во процесот на претварање на поените од тестирање во нови точки за надградба на вашиот болид како карактерни поени, но исто така и за брзината на пит-стоповите и за преговорите со спонзорите. 4. Анализа, надградба,фабрики и погони и тестирање4.1 Состојба на болидотВашиот болид е карактеризиран со 3 вредности: сила или моќност (С), управување (У) и забрзување (З). Патеките по кои се вози се исто така карактеризирани по истиот терк. Одделните делови на болидот го прават болидот да ги добие тие карактерни особини. Така да според тоа, некои болиди се одлични за одделни патеки кои му одговараат, а на други не се баш најдобри. Пример , ако имате јак мотор, тогаш ке добиете повеке карактерни поени за сила на вашиот болид. Има 11 различни делови на болидите и сите даваат различни особини на болидот. Ако сите делови на болидот се на исто ниво , тогаш болидот ви е балансиран (Б) . Преку тестирање на болидот , исто така се добиваат многу битни и значајни поени дополнително на вашиот болид, со тоа што тие поени се усовршуваат и добиваат директно од вашата фабрика и пит . Со различен тип на тестирање се добиваат различен тип на поени во карактерот на болидот. 4.2 ТестирањеМеѓу трките се прави тестирањето. Тоа се прави од две причини. Првата е да се научи нешто повеке за играта. Втората причина е да се развие болидот на повисоко ниво. Тестирањето ти дава тест поени. Овие поени се конвертираат во неколку чекори во карактерните поени и вредности на болидот. Тие карактерни поени се додаваат во вредностите на деловите на болидот. Така болидот ке биде доста побрз. Тестирањето исто така влијае на одредени атрибути на возачот , како и на техничкиот директор. Тестирањето може да се направи неколку пати помеѓу трките. Пример, може да се тестира , па да се поправи болидот, па повторно да се тестира. Тестирањето кошта $1.000.000 по сесија, но исто така и ги оштетува деловите на болидот. Не може да се тестира во случај само ако деловите на болидот се оштетени повеке од 90% или ако ви е негативно парично салдо. 4.3 Тест сесијаКога тестирате може болидот да се сетира на исти наќин како и на тренингот. Исто така може да наместите кој ви е приоритет на тестирањето и на кои карактеристики сакате да се насочите. Фокусот со Тестирај ги границите на болидот - нема влијание и некоја корист за болидот, но со ова тестирање секако ке извозите најбрзи кругови на тестирањето. Со Фините подесувања, ке може да го сетирате што подобро болидот за што подобро да може да го одработите тестирањето. Тестирањето максимално може да трае до 100 кругови , односно максимално до 10 стинтови. Треба секако да одлучите по колку кругови ке ви трае секој стинт. Минимално е 5 кругови за стинт, а максимално е 50 кругови. Првиот загревачку круг и последниот секако не влегуваат во таа бројка. Ако вашите гуми не го издржат стинтот, односно ако од било кои причини болидот не го извози комплетно целиот стинт, тогаш без разлика на тоа колку кругови извози, се сметаат круговите што сте сакале да ги возите во тој стинт, без разлика дали сте ги извозиле комплетно сите. 4.4 Истражување и развојДодека возите тест кругови, ќе добиете знаење за болидот во три области: снага, управување и забрзување. Оваа информација е прикажано во тест поени. Бројот на тест поени што ќе ги добиете зависи од фокусот на тестирање, бројот на кругови кои ке се направат, од вашиот возач, од вашите технички директор и персоналот. Она што следува е целосно автоматизиран процес кој ги претвора тест поени во карактерни поени на болидот . Подетално таа работи на овој начин. Да пробате и да добиете тест поени. Следно, ќе се тркате и по завршувањето на трката информациите и придобивките (автоматски) преминуваат во нови идеи (И & Р поени). Оваа реализација зависи од вашите технички директор, персонал и објекти. Вие не треба да имате ТД или објекти за да се биде во можност да се направи истражување и развој. После секоја трка, вашите нови идеи (И & Р поени) се претвораат во производството (инженеринг поени). Успехот на ова (автоматско) претворање зависи повторно од вашиот технички директор, персонал и објекти. Повторно, вие не мора да имате технички директор или објекти за да може да се направи надградба на инженерството. После секоја трка, инженеринг точките се (автоматски) претворени во нови детали односно дел и се подготвени да се монтираат на болидот ( карактерни поени). Успехот на оваа реализација зависи колку дополнителни карактерни поени имате веке преку тестирањето и ги имате исто така во карактерните поени на болидот. олку повеќе поени веќе имате, толку потешко ќе биде да се здобијат со нови точки, односно надградби и карактерни поени. Важно е да се знае дека поени кои ги имате стекнато преку тестирањето во процесот, И & Р и инженеринг полека се намалуваат со текот на времето. Ако престане тестирање, вашиот дополнителни поени на болидот, ќе се намалат на 0. Се разбира, од друга страна карактерните поени на делови на болидот не се засегнати. Не постои ограничување на тоа колку дополнителни поени ќе може да се добијат преку тестирање и истражување и развој. Карактерните поени ке ги имате на болидот во текот на целата сезона, , но ќе се изгубат дел од нив на крајот на сезоната, односно на почетокот на новата сезона . 5. ФинансииИма повеке начини и методи за правење на пари во играва, ви препорачуваме да се обидете и чувате што повеке пари е возможно! 5.1 СпонзориСпонзорите ке ви ја плакаат предвидената сума од пари на секоја трка. Ваше е да преговарате со спонзорите. Според вашите преговори и тоа колку ке успеете да договорите, толку пари и ке добивате секоја трка. Исто така должината на траењето на договорот со спонзорите, зависи од вашите преговори. Во текот на преговорите, спонзорите секако ке имаат од вас побарувања и прашања , па потрудете се да одговорите точно и без пребрзи одговори, односно неточни, тоа само ке направи спонзорот да се откаже од преговорите. Секој спонзор е претставен со неколку атрибути : 5.2 Трошоци за тркаСекоја трка, плаќате плата на вашот возач , технички директор и екипата од фабриката и боксот. Исто така и трошоци за одржување на вашите објекти , освен се разбира трошоците за надрградба на болидот . Деталите за уплатите и трошоците може да се видат во анализите на трките и во страната за економијата. 5.3 Приход од тркатаПосле секоја трка ке бидите наградени за вашата стартна позиција и за вашата крајна позиција на трката, со парични средства , зависно од групата и нивото на кое се натпреварувате. Што повисоко сте пласирани, тоа повеке пари ке добивате. Профитот за стартната позиција се дава и доделува по следниот редослед :
Правило 112% од време на трката: Ако вашето конечно време на трка не е во рамки на 112% од времето на трката на победникот од групата, нема да бидете класифицирани и ќе добиете само 50% од приходот од трката според табелата погоре. Ова правило не важи за Руки групите. Пример: Ако завршивте на 40-та позиција во Елит и не покривте 112% од време на трката на победникот, ќе добиете само 5.500.000 $ за вашата позиција на трката. Исто така има и екстра бонус од 1.000.000$ достапен за возачот што ке го направи најбрзиот круг на трката. 5.4 Конечна табелаНа крајот од сезоната(после последната трка ) , првите 10 менаџери на табелата во конечниот пласман ке бидат наградени со дополнителен бонус (заради нивото во кое се натпреваруваат и пласманот ) според следната табела :
5.5 Негативно салдоИма неколку фактори кои може да ве доведат до негативно салдо и баланс. Со тоа нема да можете да сторите следните работи: 5.6 Куп натпреварување и Куп бонусКуп натпреварите се дополнителни натпревари паралелно со главните трки а надвор од истите во рамките на вашата група и се базирани врз основа на 17те трки кои се возат во текот на сезоната и се во 6 етапи во кои можите да освоите мал финансиски бонус. Куп натпреварите се функционираат според следната шема: 6. ТимовиЕкипа е група на менаџери кои одлучиле да се натпреваруваат заедно. Нивните бодови се комбинирани зависно од групите во кои се натпреваруваат, па даваат екипен скор и бодови .Или може да се приклучите на екипа која постои и се натпреварува, а може и да се креира сопствена екипа, а може дури и да се преземи неактивна екипа. 6.1 Креирање на екипаСамо менаџерите во Елите, Мастер, Про и Аматер групите може да основаат екипи. Цена на чинење за основање екипа е $5,000,000. Одбираш име на екипата и одбираш членови кои може да ти се придружат. Менаџерите може да аплицираат за да ти се придружат во екипата, а ти одбираш дали може да ти се приклчат или не. Ако ги одбиеш , тие не можат пак да аплицираат во наредните 2 недели. Ако ги прифатиш, тие ке пополнат едно местата, а имаш 9 слободни места.Мораш да имаш позитивно финансиско салдо секако за да основаш екипа . Екипата ке продолжи да егзистира , се додека има во неа барем 1 член. Кога лидерот ке одлучи за статусот на апликантите, истите ке бидат известено преку порака во нивното поштенско сандаче. Офанзивен, насилен, односно непријатни екипни имиња , ке бидат отстранети, а и менаџерите ке бидат казнети, ако има било какво прашање во врска со имиљата, прашајте ги администраторите пред да ги внесите имињата. Одлуката на адинистраторите секако ке конечна . 6.2 Се приклучува на екипатаАко се придружиш на екипа, тоа ке те кошта $3.000.000. Мораш да аплицираш за таа екипа, каде лидерот на екипата или ке ја прифати апликацијата или ке ја одбие . Ако ја одобри, ке го заземите следното слободно место во екипата.Можи да аплицирате максимум во 3 екипи. Не постои можност да се придружиш на екипата до крајот на Трка 17 од сезоната, ако твојот позитивен финансиски баланс не може да ги сноси трошоците за тоа. 6.3 Оставка од екипатаЧлен на тимот може да даде оставка и да го напушти тимот ако даде отказ од тимот, ако лидерот на тимот го исфрли заради неактивност (ова е можно само после 4 трки на неактивност во последните 17 трки). Ако членот на екипата го напушти тимот, тој/таа нема можност да се врати и нема исто така можносто да си ги поврати назад парите за пристапувањето на екипата. Ако си замине од екипата, сите членови под него, ке се качат едно место погоре во екипата, односно ке го заземат неговото место. Ако тимскиот лидер ја напушти екипата, членот во тимот кој што е на место број #2 ке биде промовиран во тимски лидер и името на екипата ке остане исто. Следно кога член на екипата ја напушти екипата од некои причини во текот на сезоната, екипата ке ги загуби бодовите кои ги заработил тој член на екипата . 6.4 Тимска заработкаНа крајот од сезоната (откако промоцијата или релегацијата ке завршат ) секоја екипа ке добие по $40.000 за секоја екипа која освои поени во текот на сезоната. Парите ке бидат еднакво поделени на секој член на екипата. Како што членовите учествуваат во трките во текот на сезоната, така и нивните тимски поени се додаваат на екипата во текот на сезоната. Различно од индивидуалниот шампионат, екипниот е со систем на бодување сосем поразличен, односно бодови освојува секој член на екипата што ке заврши било кое место од 1то до 30тото место. Формулата за остварени тимски поени е: Тимски поени = (31-Позиција во трката)/3 * ГрупнаТежина, каде ГрупнаТежина е 1 за Елит групата, , 0.8 за Мастер групата , 0.6 за Про групата , 0.4 за Аматер групите и 0.2 за Руки групите . Сите освојувања на екипата му носат бодови исто како што е прикажано на оваа табела :
6.5 Неактивност во екипатаАко во некое време во текот на сезоната промашите и не извозите 4 последователни трки тогаш после секоја наредна пропуштена трка, ке бидете слезени за едно место подолу на табелата во тимот. За секоја пропуштена, по едно место. Ова се однесува и на лидерот на тимот и на сите членови, но не се однесува на групата каде што се натпреварувате. Пример ако сте на место #4 во екипата и пропуштите 6 трки , вие ке бидите автоматски ставени на место #6, како резултат на тоа менаџерот кој беше на место број #5 сега ке биде на место #4 и менаџерот кој беше на место број #6 ке биде на место број #5. 6.6 Надгласан од екипатаВо случаи кога екипниот лидер одлучил дека некој член на екипата не ги исполнува задачите , односно не ги исполнува барањата на членовите, може да се пушти одлука тој член да се стави на гласање ,односно да се исфрли од екипата. Гласот за исфрлање на тој член на екипата, лидерот ке го чини $3.000.000 за да ја започне таа постапка, а сите останати членови ниниот глас ке ги чини $1.000.000 . Најмалку може 8 членови да гласаат во гласањето, за да може истото да се усвои и реализира као успешно , а дури тогаш ке може лидерот и ке има право да го исфрли членот на екипата од кој не се задоволни . Тимското гласање има важност до две недели , односно гласот против било кој од екипата не се губи во текот на тие две недели.Што значи било кога во тие две недели може да се изгласа предложеното . Забелешка бидејки членовите на тимот кои се придружија на тимот пред помалку од 17 трки не можат да учествуваат во гласањата. 7. Крај на сезонатаПосле последната трка во сезоната топ 10 бонусот е награда за топ 10те менаџери во секоја група ( види во секторот 5.4 и погоре) после што влегува во мала пауза и одмор, обично пауза која трае по една недела, но некогаш може малку повеке или евентуално малку пократко да трае таа пауза. За време на паузата, сите сетирања за болидите и одлуки за екипата се одложени, но секако можете да гледате табели , ниво на болидите, финансиски податоци и слично . Во некој момент, на крајот од паузата , се стартува скриптата за крај на сезона, која ке ги преработи сите податоци и ке ги направи сите задолжителни припреми за старт на новата сезона . 7.1 Промоција/ ИспаѓањеТоп 3те менаџери во секоја група (освен Елит) ке бидат промовирани во рандом назначени групи , едно ниво над нивото на кое досега биле. Последните 15 менаџери од секоја група (освен Руки ) ке бидат релегирани на ниво подолу, односно ке испаднат едно ниво подолу. Секој менаџер кој ке заврши на топ 3те позиции , но ке биде со негативен баланс, нема да добие промоција, па наместо него ке биде промовиран следниот по ранг менаџер што е после него секако позитивно финансиско салдо на крајот на сезоната (ова е лимитирано во топ 8 во Руки рангот) . Секој менаџер кој ке заврши со негативен баланс ке биде релегиран во едно ниво подолу од моменталното . Највисоко пласираниот менаџер во групата за испаѓање, кој ке биде на врвот на таа група, ке остане во таа група како резултат. Ако сте на пониско ниво на натпреварување (Про, Аматер и Руки) екстра места за промоција може да се отворат ако менаџер се пензионира, ресетира профил и се врати во Руки ранг или профилот се избрише заради неактивност во класата над вас. Осигурајте се дека не сте на тие места каде не сакате да сте промовирани во посилен ранг така што секогаш ке можите да направите проверка на "Сите промоции" страната во секое време во текот на сезоната. Забележете дека во тој случај кога групната структура на играта оди нагоре, тогаш и различни менаџери ке бидат промовирани во различни класи и групи од играта.За да се спречи секаква забуна, проверете за сигурно во сегментот за промоција/испаѓање зоната и како кој стои во таа група. 7.2 Останати ставкиКога ке заврши сезоната, скриптата за крај на сезоната ке си ја одработи својата работа, оштетените делови ке се вратат на нула,но ке останат на исто ниво како што биле минатата сезона (освен во Руки групата ). Секој менаџер со негативен баланс , автоматски ке му бидат продадени деловите или делови од фабриките за надградба, дури не стигнат до позитивен баланс,а ке се продаваат секако од највисокото ниво па надолу. Ако и после ова менаџерот остане во негативен баланс, тој ке добие донацијаод ГПРО ФИА, со која ке се покрие негативниот баланс, а со почетокот на наредната сезона ке започне со почетно салдо од $0. Во следниот чекор менаџерот ке биде оданочен по точка 7.3 подолу. За менаџерите во Руки групите баланс на парите, деловите на болидот, стаф и фабриките за надградба, комплетно ке бидат сите ресетирани со рестартот на новата сезона. Единствено нешто што менаџерите можат да задржат во Руки групите после рестартот на сезоната е воачот, но ако вкупното искуство на возачот не преминува 85. Поените од екипното учество и тимските бодови ке бидат исплатени на секој менаџер. Акаунтите за секој менаџер во Руки рангот ке бидат ресетирани . Сите менаџери кои се квалификуваа во сите 17 трки претходната сезона, по крајот на сезоната ке добијат бонус од $5.000.000 (вклучувајки ги менаџерите во Руки групите). Секој менаџер кој ја започнал сезоната во Руки рангот, ке добие казна за секој поен освен над 50 поени од претходната сезона. Оваа казна не се однесува на менаџерите кои завршија во претходната сезона во Руки рангот со позитивен економски баланс. 7.3 Даноци7.3.1 Такси за испаѓањеМенаџерите кои испаѓаат во пониска класа, ке бидат одданочени по следните процедури и ставки: За испаѓање од Елит во Мастер, 70% од парите што ја надминуваат сумата од $50.000.000 ке бидат платени како такса. За испаѓање од Мастер во Про , 70% од парите кои се над $40.000.000 ке бидат земени како такса. За испаѓање од Про во Аматер, 70% од парите над $30000.000 ке бидат уплатени како такса. Пример: Ако испадните од Елит со $100.000.000 , од Елит во Мастер, ке мора да платите 70% од $50.000.000 што е $35.000.000 во такси за испаѓање. 70% теаксите за менаџерите кои испаѓаат ке бидат аплицирани пред нормалните 25% такси (објаснето подолу ) што важи за сите менаџери кои имаат повеке од $50.000.000 после сезонскиот ресет, односно ресетот на крајот на сезоната . 7.3.2 Нормални даноциМенаџерите ке бидат оданочени (во играта) ако имаат повеке пари од $50.000.000 со рата од 25%. За пример ако менаџер има $65.000.000 ке биде даночен на овој начин: $65.000.000 - $50.000.000 = $15.000.000 25% од $15.000.000 е $3.750.000. Така да менаџерот е мора да плати $3.750.000 како такса на крајот на сезоната. 8. Разно8.1 Неактивност и исклучување поради тоаМенаџерите во Руки кои ке промашат 3 трки по ред и вкупно имаат 0 трки комплетно откако се придружија на играта, ке бидат отстранети од играта веднаш, инаку исто така ако промашат 5 трки по ред и не возат исто така ке бидат отстранети, се со цел за подобра игра и да се овозможи секако простор за нови менаџери кои ке сакаат да играат и кои се на листата на чекање. На крајот на сезоната, менаџерите во Аматер кои не ги возеле последните 6 трки, менаџерите во Про кои не ги возеле последните 9 трки, менаџерите во Мастер кои не ги возеле последните 12 трки и менаџерите во Елит кои не ги возеле последните 15 трки исто така ке бидат отстранети од играта пред почетокот на следната сезона . Во случај на потреба, ке се направи промоцијана повеке играчи од Про, Аматер или Руки групите за да се пополни секој празен простор и да се даде повеке можност да играат повеке играчи во повисок ранг. Исто така можно е некој да побара да се пензионира на крајот на сезоната. Ова е можно ако пратите барање до еден од администраторите пред крајот на трката број 16 од тековната сезона. 8.2 Ресетирање на твојот налогАко си во Руки група и си направил помалку од 17 трки можеш да го ресетираш налогот, преку користење на "Account Reset" опцијата во "Account settings" страната. Во случај дека си направил повеке од 17 трки, мораш да чекаш наредната сезона да започне и кога веке сите налози се веке групирани во Руки групите или ресетирани, па да пробате пак да го ресетирате вашиот налог. Искористи го евентуално остатокот од сезоната за експериментирање и за учење, искористи го рационално времето за да научиш играта како функционира! Ако си во Аматер , Про , Мастер или Елите ранг и сакаш налогот да ти се ресетира, исто така моќиш да го искористиш налог ресетот пред крајот на 16та трка во сезоната. Ке бидите преместени во една од Руки групите на почетокот на наредната сезона. Исто така откако ке се ресетира налоготf you are in Amateur, Pro, Master or Elite and want to have your account reset you can use the "Account ениReset" option in the "Account settings" page before the end of Race 16 of the е и моменталниот возач кој вози за вас. 8.3 Оставање на друг налог да го одржува и користи твојот налогМожно е да оставите друг менаџер да води грижа за вашиот акаунт (дури пример сте на одмор) но само ако наведите за колкав временски период ке сте на одмор и за колку време тој менаџер ке раководи со вашиот аканунт во согласност со правилата за користењеза време на одмор. Еднаш откако ке биде тоа направено , не е повеке потребно да ги давате вашите логин детали на менаџери , кои ке водат грижа за вашиот акаунт. Менаџерот што ке се грижи за вашиот акаунт, ке може да се логира во тој период страна за замена за време на одмор се додека не заврши вашиот одмор, односно не заврши временскиот период кој сте навеле дека ке ве менува. Следете ги правилата за користење на за време на одмор ако направите било каков прекршок што не е согласно со правилата за користење на нашата страна и апликација , можед да повлечат казни и затворања на вашите акаунти. 8.4 Повеке налозиМоже да имате само еден акаунт за играч, и еден играч на компјутер. Повеке акаунти не се дозволени! Ако забележиме дека играчот има повеке од еден акаунт, или повеке акаунти се логираат од еден компјутер (освен во случај опишан како во 8.3) тогаш ние го задржуваме правото да ограничиме еден или сите акаунти од понатамошно користење без никакво известување и да утврдиме понатамошна казна на играчот каде не се исклучува и бан од понатамошно тркање, со тоа да се направи Руки ресет, финансиска казна во играта, или во најекстремни случаеви да се затвори акаунтот . 9. ЗаедницаЗаедницата е мошна битен фактор за ГПРО, ние сакаме да имаме интересна и заинтересирана заедница и затоа обезбедивме три начини за комуникација со колегите менаџери. 9.1 ФорумСекој корисник, кој е регистриран и одобрен од администраторот, му е овозможено да го користи форумот. Официјален јазик на форумот е Англиски. Сите други јазици може да се користат само на Националните форуми. Правилата за форумот се следни : 9.2 Соба за разговорОфицијален јазик во чат собите е Англиски. Ниеден друг јазик не смее да се користи дури се наоѓате во јавните соби за чат. Строго е забрането да се персонифицира некоја особа директно во јавните соби за чат, посебно ГПРО челнови. Условите за користење на чат собите се исти како тие за форумите. 9.3 Приватни пораки (Пошта )
Може да пракате приватни порака, на сите менаџери, модератори или администратори преки маил сандачето. Правилата до кои мора да се држите и придржувате кога го користите маил сандачето се следните : |