Изградена во 1909 година, Индианаполис тркачката патека е една од најпознатите во светот во областа на мото трките.Посебно со трката Индианаполис 500. Освен со исклучок на двете светски војни, патеката е домакин на извонреден број на спектакли на 4 километарската овална патека, уште од 1911 година. Во 1950 година, 500ката заработи поени и се приклучи на Светскиот Шампионат, но виде само неколку регуларни звезди од Ф1 шампионатот кои учествуваа тука.
Брикјард 400, настанот во Наскар и првата трка различна од 500ката, од 1916 година, е ставена во 1994 година, да влезе во шемата на Ф1 трките, односно нејзиното вракање на овие патеки во 2000тита година. Трката се одржа на сосем новоизградена патека, а ова беше прво америчко Гран При дури од Феникс кое се одржа во 1991 година. Над 200,000 гледачи присуствуваа на настанот, а исто толку имаше и на следната трка во 2001 година, кој беше прв таков голем настан по трагедијата на 11 септември што се случи таму на тоа тло.
Гран При-то тука беше исто толку и контраверзно, за време на престојот во Индианаполис, со потегот на 5кратниот Светски Шампион , во 2002 година кога неговиот тимски колега Рубенс Баричело го остави да го премине и да стане победник на оваа трка. Макар што тоа и не е толку контраверзно, зошто и другите екипи ги практикуваа тие потези. Во 2005тата проблемите со Мишелин гумите, завршија на тој начин што седум екипи се повлекоа од трката и не настапија, а само три екипи, 6 болиди со Бриџстон гуми ја започнаа трката и ја завршија. Со тоа во многу го паднаа угледот на оваа патека.
Тука се стартува на предниот правец, се вози во насока на часовникот, спротивно до Индианаполис 500 и Брикјард 400, кои се возат спротивно. По правецот се влегува во Свијокот 4, пред да се продолжи до Хулман Булеварот па се до 2иот свијок, вракајки се назад на овалот во брзиот дел на Јужната Капија, па се до 1 свијок, па се до патеката од тули, односно познатиот Брикјард.