Без сомневање ова е најголема и најпозната тркачка патека во историјата на мото спортовите. Оригиналната Нирбургринг е 22,5км долга патека што ја споредуваат со еден џиновски ролеркостер, а се простира низ шумите на Западна Германија, не далеку од Белгиската граница. Идеата за патеката се роди во 1920 година од Др.Кројц, локален инспектор, кој мислеше дека со изградба на патеката ке ја намали незапосленоста во областа и ке го промовира туризмот, а исто така ке овозможи и убава тест патека и фабрики за унапредување на германската автомото индустрија. Идејата беше одобрена од страна на Германската влада која спонзорираше 15 милиони германски марки кои беа потребни за да се финансира проектот.
Новата патека се простираше на две одделни засебни патеки, Нордшлеифе и Судшлеифе, или северната и јужната .Овие две патеки можат да се користат како засебни или може и да се комбинираат, за да се направи една голема патека, со место за пит и публика на местото каде двете се спојуваат на средината од патеките. Нирбургринг беше домакин на првото Германско ГП во 1927 година, а трката ја победи Ото Мерк во Мерцедес , пред 100,000 домашни гледачи.
Историјата на патеката е исто така поврзана со големи победи од легендите на овие спортови, вклучувајки ги Нуволари, Фанџо и Џеки Стјуарт. Како поминуваа годините, проблеми со сигурноста на патеката стануваа се поголеми , а и покриеноста на патеката за ТВ преноси беше тешка и проблематична, а трошоците за да се решат тие проблеми беа преголеми.
Австриската легенда Ники Лауда, побара од неговите колеги возачи да ја бојкотираат трката во 1976 година поради обезбедувањето на сигурноста на возачите и на самата патека и дали е сигурно воопшто да се вози на самата патека. Во еден тажен пресврт на настаните, останатите возачи гласаа против тој негов предлог, па така да трката мораше да се одржи. Во таа трка Лауда доживеа страшна несрека,претрпе тешки изгореници по целото тело. А со таа несрека и самото спортско тело на мотоспортот заклучи дека навистина се тешки условите за сигурна трка на патеката, па така да мораше да одлучи да ја повлече лиценцата за одржување на трки на оваа патека. Старата патека ја одржа последната трка на спортски автомобили во 1982 година - 1000км долга трка на тркачки автомобили.
Новиот Нирбургринг ја одржа првата Ф1 трка во 1984 година, трка која беше брендирана како Европски ГП , со тоа што Хокенхајм беше наречена Германско ГП. На трката победи тој ден Алан Прост во болидот на Мекларен, додека повекето од публиката и фановите сеште жалеа за старата патека. Новата патека не беше патека која ке биде постојано на календарот на Ф1 трките , се до искачувањето на Михаел Шумахер, локалното детуле од околината на Нирбургринг, до висините на Ф1 историјата, големина што тој ја искористи да притисне во одлучувачките тела за познатата трка повторно да се врати на календарот.
Коментирајки за неговото искуство со старата патека, тркачката легенда Џеки Стјуарт имаше да каже, Ништо не ми даваше поголема сатисфакција и задоволство од тоа да победам на Нирбургринг, но и да признам, дека секогаш на таа патека најмногу се плашев и возев со страв.