Зандворт сама по себе е една од најпопуларните патеки , а секако и плажа во Холандија, посебно поради нејзината близина до Амстердам. Тука има голем број на објекти покрај плажата, хотели посебно, а секако и голем број на ресторани кои го нудат разновидниот вкус и квалитет на Холандската гостопримливост. Теренот е претежно песок, со мала количина на зеленило и дрвја. Оваа карактеристика на патеката ја прави како уникатна по својот изглед а и воопшто,доминира во тој поглед над сите останати патеки во Ф1. Со оглед на тоа дека се наоѓа во земја каде има голема елевација на теренот, тоа се одразува и на самата патека и нејзиниот изглед. Посебно тоа се гледа на Шејвлак свијокот, кој оди длабоку долу и веднаш десно свртување. Свијоците се сите различни, со различна ширина и широк спектар на агли. Тарзан свијокот на крајот од пит рамнината, , е еден од најпознатите свијоци во тркачкиот свет. Поради окружувањето од песок, патеката трпеше и имаше голема штета и на пневматиците и на самите болиди од песокот, кој често се таложеше на патека, а и честите ветришта правеа голем проблем и на возачите и на болидите. Тоа е еден од најголемите проблеми и ризици на патеката.
Зандворт е отворена во 1948 година и беше домакин на неколку неШампионатски настани до 1952 година, кога беше домакин на Холандското Гран При. Во првите десет години од постоењето на патеката , имаше спорадични настани на патеката, но после тоа скоро секоја година се организира Гран При настан на истата и тоа посебно од 1975 до 1985 година.
Трките на Зандворт биле посебно, а историјата кажува тука за многу посебни трки за паметење кои останале да се раскажуваат. Во поголемиот дел од трките предност имале Англиските возачи и болиди, поради напредната индустрија и технологија посебно во тркачките автомобили. Посебно тоа важеше за 60тите години . Во трката во 1970 година, Пјер Кураж , главниот возач на Англискиот пивски магнат - Кураж, доживеа страшна несрека, се преврти и се запали во својот болид. Нажалост Кураж не успеа да ја преживее оваа несрека. Возачот кој никогаш и не бил премногу ценет и секогаш била омалуважуван во тркачкиот свет - Џеки Икс, бриљираше тука во својот Ферари со победа во 1971 година, по одличниот дуел на дождот Педро Родригез .
Џеки Стјуарт беше главен директор на Гран При Асоцијацијата. Меѓу другите сигурносни регулативи, и тој беше од многуте кој бараа такви измени посебно на оваа патека. После прескокнувањето на 1972 година и одржувањето на трките тука, поради фактот дека патеката е прогласена за опасна и несигурна, тркањето се врати тука тек во 1973 година, откако се вложени тука над милион долари за промени и зголемување баш на таа сигурност на патеката. Роџер Вилијамсон ја имаше таа несрека да биде тест возач за новите заштитни Армко бариери. Наместо да се ублажи ударот , бариерата како затегната стрела го исфрли болидот на Вилијамсон во воздух. Болидот се приземји на покрив, со страшен удар и во пламен. Во ова сценарио , покрај болидот во оган , застана и се паркира во трчање Давид Пурлеј, кој бил близок пријател на Вилијамсон, покрај маршалите кои седеа покрај болидот кој гори, не реагирајки ништо, се фрли во болидот да помогне и да го спаси Вилијамсон од огнените јазици. После неговиот храбар обид, маршалите се окуражија по почнаа да му помагаат. Но веке беше касно.
Во 1974та година Ферари се врати на старата слава со Ники Лауда, каде победува во еден два победа со тимскиот колега Клеј Рагацони. Во 1975 година, Џејмс Хант и Хескет екипата ја победија првата трка, каде ги надмудрија сит останати екипи при промената на гумите и тактиката за таа трка од дождот на сува патека. А успеаа и да ја одржат разликата до крај пред силниот болид на Ферари со Ники Лауда.
Австралиецот Алан Џонс ја победи првата негова трка 1979 година , комплетирајки го хет трикот, започнат на Хокенхајм, а завршил на АустријаРинг.
Ферари се врати на победничките патеки во 1982 година со Дидие Пирони, на помалку од два месеци по тргичната смрт на тимскиот колега Вилнев на патеката Золде во Белгија, а исто така и самиот со страшни повреди од неговата несрека на Хокенхајм. Тука успеа да го победи фуриозниот Нелсон Пике.
Рене Арну и Патрик Тамбе, забележаа еден два победа во 1983 година на црвените коњчиња на Ферари . Тој успех беше дуплиран од Ники Лауда и Ален Прост во 1984 година, но овој пат на Мекларен Порше.
Следната година на Зандворт нова епизода од дуелот Прост- Лауда,но овој пат со променети улоги. Лауда фуриозно стартуваше и од самиот старт до крајот на трката доминираше. Тоа секако беше и цела сезона доминација на Лауда, но и последна година во Ф1 циркусот и крај за кариерата на еден од најголемите возачи во историјата на Ф1 - Ники Лауда.
Познатиот англиски новинар и аналитичар на Ф1 трките - Најџел Роебук, патеката Зандворт ја нарекол - најголемата и најубавата патека за тркање во Ф1 на сите времиња. Но и покрај овој атрибут, Зандворт беше тргната од Ф1 календарот во 1986 година, а и после тоа не се врати повеке. Испаднаа повеке работи на површина , со сигурноста, со пит делот на патеката, со деловите за екипите, со деловите за ВИП гостите и ред други работи кои фалеа на оваа патека, а со текот на времето никогаш не се исправија, односно направија. Но и покрај сето тоа, оценката од сите големи фанови, возачи и челници на Ф1, остана дека Зандворт е една од најврвните и најубавите патеки во историјата на Ф1 трките, а и воопшто во историјата на тркањето.
Но сепак можеби и постои надеж и некои шанси за некое враќање и преуредување на патеката. Низ изминатите години е забележано дека се работи на патеката и дека се поправаат поголеми делови од патеката. А стручни лица исто таа кажуваат дека на оваа патека се направени огромни промени , со тоа што сега патеката ги исполнува и ке ги исполнува сите модерни стандарди и побарувања на денешните патеки за Ф1 трките и натпреварите.