Grand Prix Racing Online - Политика на приватност

0. Важно

Ова е слободен превод на официјалната ГПРО Политика на приватност. ГПРО не е одговорен за било какви грешки во овој превод. Во случај на двоумење или во случај на спор, англиската верзија е секогаш точна.


Забелешка: во случај да сте државјанин на ЕУ, на вас се применува нашата проширена политика за приватност во согласност со GDPR (Oпшта Регулатива за заштита на податоците).

1. Вовед

Оваа политика го покрива користењето на личните информации собрани од ГПРО кога ја користите веб-локацијата www.GPRO.net или која било од неговите поврзани апликации. Целта на оваа политика е да ве информира за информациите што ги собираме и како тие се користат од наша страна. Секогаш кога испраќате лични информации на оваа страница, таа ќе биде предмет на оваа политика за приватност.

2. Собирање на информации

Кога ке се регистрирате на ГПРО ви бараме ваше име,датум на раѓање, е-маил адреса и пол.Откако ке се регистрирате со нас, вие не сте повеке анонимни. Ние автоматски ги повлекуваме информациите од вашиот прелистувач , вклучувајки ја вашата ИП адреса, страните што сте ги барале и отворале, а секако информациите околу ГПРО. Тоа се информации со кои се служиме за да ја одржиме сигурноста, да ја унапредиме, а секако и да обезбедиме правилно користење на ГПРО.

Нашата веб-страница и апликации ви даваат можност доколку сакате да ги прикачувате ваши лични слики за различни намени, како што е профилната слика или слика прикаќена на друг начин, а е поврзана со вашата сметка. Ве замолуваме да имате предвид дека сите слики поставени на нашата платформа може да бидат зачувани на нашите сервери за идна употреба. Ние не ги споделуваме овие слики со трети страни, но таквите слики, освен ако не е поинаку наведено, може да ги гледаат другите корисници во платформата. Со поставување слика на нашата платформа, вие потврдувате и се согласувате на нашето собирање, складирање и користење на вашата слика во рамките на платформата.

3. Достапност на Информациите

Информациите испратени до ГПРО можат да бидат видливи на веб-сајтот на ГПРО. Ова го вклучува вашето име, датумот на раѓање, е-маил адресата, националноста, полот и потребните детали за највување. Секое користење на веб-сајтот е следено од страна на ГПРО и може да биде претставено на јавноста во било кое време без претходно известување до вас. ГПРО персоналот има достапност до подетални лични информации отколку пошироката јавност. Администраторот на сајтот можи да го гледа вачето корисничко име и лозинка за ја одржи безбедноста на сајтот. Тој исто така има право да менува некои лични информации или прилагодувања кои ги имате испратено на сајтот.

4. Употреба на информациите од ГПРО

Личните информации испратени на ГПРО не смеат да бидат продадени, дадени или изнајмени на никого. Личните информации ќе бидат дадени на трети лица кога ние ќе бидиме повикани да го напривиме тоа според закон или некоја друга легална обврска, или пак доколку вие се однесувате на начин кој ние сметаме дека ги прекршува Правилата на Употреба.

5. Употреба на Куки (кукиес- колачиња историјат на секоја вев страница што се отвора и остануваат меморирани во историјата на пребарувачот)

Куки (cookie) е мала количина на податоци, што често често се испратени од анонимни испраќачи и секогаш се снимаат во вашиот компјутер, преку одреден вебсајт или преку вашиот браузер. Секој вебсајт си пушта свој одреден куки на вашиот браузер, ако тоа вие го дозволите и прифатите, односно на кои вебсајтови дозволувате да ги снимите тие мали куки и да можите да ги отворате и слободно работите со нив, односно на некој начин имате доверба во истите. Но во исто време вие давате дозвола само на тој вебсајт да го отвори куки делот со податоци за својот вебсајт што претходно сте го снимиле, а не дозволувате на останати веб сајтови да можат тоа слободно да го прават.

ГПРО може да прати куки, односно исто така да пристапи до куки податокот на вашиот компјутер. Тоа е потребно заради неколку причини , вклучувајки и но не и лимитирано само на тоа:

• Давање на информација и пристап до датабазата на некој играч.
• Следење на подесувањата на одредени играчи додека користат ГПРО .
• Да овозможи лесно пресметка колку податоци и колку регистрирани корисници ги користат податоците, односно колку волуменски податоци се пренесуваат и се потребни .
• Се прави и тестирање на содржината на ГПРО и придружните сервиси за да се подобри услугата и одредени делови на самата игра.
• Ја штити безбедноста на вашиот акаунт со вметнување на пасворд за повторно користење, а сето тоа ако повторно се користи после одредено време .

6. Известување кое се однесува на децата

ГПРО е страница за поширока публика, ниту една од нашите содржини не е конкретно наменета за деца под 13-годишна возраст. Ние разбираме и сме посветени на почитување на чувствителната природа на приватноста на децата на интернет и како такви свесно не собираме никакви лични податоци од кој било корисник на возраст под 13 години. Ако дознаеме или имаме причина да се посомневаме дека корисникот на страницата или апликацијата е под 13-годишна возраст, веднаш ќе ги избришеме сите лични информации во сметката на тој корисник.

7. Отстранување на информации од личната сметка

За отстранување на вашата сметка и личните податоци, користете ја опцијата во апликацијата за бришење сметка која се наоѓа во поставките на вашиот профил.